Фото: МИА

Сѐ уште немаме донесено таква одлука и како што се уверивме и од денешната вежба ги демантиравме сите скептици дека нашата Армија не е подготвена. Но, таа одлука ќе се донесе во периодот согласно со координацијата со НАТО-Алијансата и ако донесеме и кога ќе донесеме секако дека ќе ве известиме. Ова е одговорот од министерката за одбрана Славјанка Петровска на новинарско прашање дали припадници на Армијата ќе учествуваат во засилувањето на источната линија на НАТО-Алијансата.

На прашањето дали е испорачана помош во Украина, министерката Петровска информира дека се испорачува во повеќе фази.

– Се разбира дека заради специфичноста и доверливоста не го соопштуваме тоа, но ги соопштивме двете одлуки кога донесовме одлуки за тоа – изјави министерката за одбрана Петровска денеска на армискиот полигон Криволак, каде се одржуваше Денот за високи гости на вежбата БЛЕСОК 22.