Фото: Маја Јаневска-Илиева

Бугарскиот премиер Кирил Петков уште еднаш повтори дека не постои македонско малцинство во Бугарија и нема да дозволи на таа тема да се разговара. Тој денес во бугарскиот парламент реферира за средбите со македонскиот премиер Димитар Ковачевски. Според него, ОМО „Илинден“ е провокација кон новиот македонски премиер Димитар Ковачевски, пренесува БГНЕС.
Претставници на македонските здруженија во Бугарија, меѓу кои и на ОМО „Илинден“ – Пирин, денеска ќе се сретнат во Скопје со македонскиот претседател Стево Пендаровски. Петков пред бугарските пратеници кажа дека неговата влада нема да ја отвора вратата за македонско малцинство.

Кирил Петков: Скопје и Софија подготвуваат заедничко чествување на Гоце Делчев

-Теми за македонско малцинство се апсолутно недопустливи. Нема да ни да дискутирам за тоа – кажа Петков.

Во излагањето пред пратениците, Петков пак зборуваше за некаква си дискриминација на македонски граѓани со бугарско самосознание и за наводен говор на омраза кон Бугарија.

-Важно е бугарското малцинство во Северна Македонија да биде признато со промени во уставот, но тоа нема да се доволно. Поважно е за време на преговорите за членство во ЕУ секоја појава на говор на омразата или дискриминација да биде ликвидирана – вели Петков.