Фото: Принтскрин

Честитки до сите православни верници во Република Македонија, денеска бевме сведоци на историски чин за нашата македонска национална историја, објави на фејсбук претседателот на државата Стево Пендаровски.

– Денеска, Архиепископ г.г. Стефан на македонски јазик богослужеше заедно со Вселенскиот патријарх г.г. Вартоломеј и архиереите на вселенската патријаршија. Нашата црква е во канонско единство во православниот христијански свет. Благодарност до Вселенскиот Патријарх г.г.Вартоломеј – пишува во објавата на претседателот.