Фото: Фејсбук/Патријарх Порфириј

Српскиот патријарх Порфирије денеска пристигна во Скопје заедно со осум владици од Српската православна црква.

За утре е закажана утринска литургија која ќе се одржи во Соборниот храм Свети Климент Охридски.

Српската православна црква и Патријархот Порфириј, вечерва известија за посетата на Српската црковна делегација на Македонија.
Споделија и фотографии од пречекот на аеродромот во Скопје, средбата во резиденцијата на поглаварот на МПЦ-ОА во близина на скопското Кале и од хотелот каде се сместени.

Фото: Фејсбук/ Патријарх Порфириј

Во соопштението на СПЦ,пишува дека Порфириј доаѓа во посета на МПЦ-ОА на покана од Архиепископот Стефан.

Во делегацијата со него се и Мирополитот Црногорско-приморски Јоаникиј, епсикопот сремски Василиј, Бачкиот епископ Иринеј, зворничко-тузлансткиот Фотиј, крушевачкиот Давид, ремезијански Стефан и Пабачки Јеротиј.

Фото: Фејсбук/Патријарх Порфириј

На скопскиот аердором ги пречекале Владиката Петар и Епископот Климент, заедно со амбасадорката на Србија.

Средбата на делегациите била во резиденцијата на Архиепископот Стефан.