Фото: Влада

Доколку Владата донесе одлука после консултативниот процес дека го одобрува пакетот, тогаш јас можам веднаш да организирам средба на меѓувладината комисија со Република Бугарија и да пристапиме кон потпишување на протоколот. Мислам дека тоа временски би коинцидирало со истиот ден кога Советот на ЕУ ќе ја усвои преговарачката рамка и целиот овој процес.

Ова е одговорот од шефот на дипломатијата Бујар Османи на новинарско прашање доколку овој предлог биде усвоен, кога би го потпишале биалтералниот договор.

На денешната прес-конференција Османи нагласи дека протоколот е усогласен во МНР, но, како што рече, треба да го одобри Владата, а Владата ќе го разгледа во рамки на целиот пакет.

– Пакетот има европска и билатерална компонента. Билатералната компонента е протоколот и тој веќе не е во еворпскиот пакет, туку е билатерален со Република Бугарија, но е дел од овој процес за Бугарија да даде согласност за пакетот – изјави Османи.