Орце Камчев доцна попладнево излезе од затворот во Шутка, откако апелација ја прифати понудената гаранција од 11 милиони евра, овозможувајќи му на осомничениот за случајот “Плацеви на Водно” да се брани од слобода.

Камчев во притвор помина речиси една година, за случајот во кој покрај него обвинети се и поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство во Будимпешта и поранешниот прв човек на ДБК, Сашо Мијалков, кој претходно исто така беше пуштен на слобода, со гаранција од 11 милиони евра.
Претходно поради влошена здравствена состојба Камчев беше хоспитализиран со дозвола на судијата.