Бугарскиот премиер Кирил Петков му го честиташе изборот на неговиот македонски колега, Димитар Ковачевски, наведувајќи дека позицијата на Бугарија за македонската евроинтеграција останува конзистентна и јасна.

Според премиерот Петков, добрососедството може да донесе сериозни позитиви не само за двете земји, туку и за целиот регион.

„Очекувам заеднички да работиме за нов конструктивен дијалог и разбирање во интерес на билатералните односи, чиј што развој е од голема корист за граѓаните на Бугарија и на Република Северна Македонија“, наведе Петков во честитката.