Фото: Маја Јаневска-Илиева

Попишани се вкупно 2.097.319 лица, од кои 1.836.713 се резидентно население, истакна директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, при соопштувањето на резултатите од пописот спроведен минатата година.

Според изјаснувањето за етничка припадност, 58,44 % проценти од населението се изјасниле како Македонци, 24,3 отсто проценти како Албанци, 3,86 отсто како Турци, 2,53 отсто како Роми, 0,47 отсто како Власи, 1,3 отсто како Срби и 0,87 отсто
како Бошњаци.

Според религиската припадност, 46,14 отсто се изјасниле како православни, 32,17 отсто како муслимани (ислам), 0,37 отсто како католици, а во овој попис се појавија и други религиски заедници кои ги немаше во претходните изјаснувања, како евангелско протестантски христијани, агностици, будисти и други.

Вкупно 61,38 отсто од попишаното население се изјасниле дека мајчин јазик им е македонскиот, 24,34 отсто го навеле албанскиот, 3,41 отсто турскиот, 1,73 отсто ромскиот, 0,17 отсто влашкиот, 0,61 отсто српскиот и 0,85 отсто босанскиот јазик.

Бројот на домаќинства изнесува 598 632, а просечниот број на членови на домаќинствата изнесува 3.06.

Во рамките на пописот беше овозможено македонските државјани кои живеат и престојуваат во странство повеќе од една година да се самопопишат преку веб-апликација која беше достапна на веб-страницата за попис.

Оваа можност ја искористија 258.932 лица од кои 24,55 отсто се изјасниле како Македонци, 66,42 како Албанци, 4,78 отсто како Турци и други. Оваа категорија граѓани не влегува во вкупното резидентно население на Македонија.

Мноштво детални податоци од пописот се достапни во Макстат базата на податоци каде што во наредниот период ќе се објавуваат сетови на табели со податоци од пописот.