Добрите односи со Бугарија и заедничката европска иднина немаат алтернатива. Ова за новинската агенција БГНЕС го изјави македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи.

Прашан што ќе прават властите во Скопје по реафирмираниот став на Бугарија за почеток на преговори за членство во Европската Унија, Османи изјави дека активно ќе се бара решение во следниот период.
„Како што знаете, Pепублика Северна Македонија беше конструктивната страна во својата проактивност да се најде решение. Во следниот период очекуваме кога ќе се формира владата во Бугарија да се почнат суштински разговори. Сметам дека и во декември има добри шанси да се најде решение, бидејќи ние немаме друга алтернатива освен добрососедски односи со Бугарија. Немаме друга алтернатива освен заедничка европска перспектива. Се надеваме дека оваа политичка стабилност во двете земји ќе даде плод“, рече Османи.

За време на редовниот состанок на Советот за општи работи во Брисел, бугарската делегација вчера истакна дека Северна Македонија сè уште не ги исполнува критериумите за одржување на првата меѓувладина конференција.