Времето во Македонија ќе биде облачно со локални врнежи од дожд и снег. Ќе дува засилен ветер од северозападен правец што ќе предизвика значителен пад на дневната температура.

Утринската температура ќе се движи од минус пет до четири, а дневната од минус пет до шест степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе достигне до два степени.

Во наредните денови времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури.