Независниот синдикат на полицијата реагира дека на измената во работното време на полициските службеници, која се воведува во екот на енергетската криза и досегашните 12-часовни се заменуваат со осумчасовни смени е сериозен проблем и апелира министерот и директорот на БЈБ итно да го надминат.

Претседателот на Независниот синдикат на полицијата Гоце Делчев, денеска на прес-конференција пред МВР појасни дека овие измени, значат дека полициските службеници кои досега требало да патуваат по 12-13 пати во текот на месецот сега треба истото да го прават 21-22 пати.

– Во ек на економска и политичка криза со цените на горивата на неколку поедицни во МВР им текна една интересна идеја смените да ги префрли од постојните на работа по осум часа на ден. Ова е сериозен проблем и прашање што уште утре, министерот преку директорот на БЈБ треба да го надминат – изјави Делчев.

Оваа состојба, нагласи тој, критично се одразува на егзистенцијата на полицајците затоа што поголемиот број воопшто не работат во своите општини и треба да патуваат.

– Како да одат на работа на осумчасовно работно време од Гостивар до Ростуше или од Прилеп до Старавина. Тие се места што се по 70-80 километри оддалечени од местото на живеење на полицајците – рече Делчев.

Од НСП посочуваат дека овие, како што посочуваат, избрзани решенија системски го уништуваат полицаецот и го намалуваат неговиот семеен буџет.