Нови 109 ковид-инфекции од 1062 направени тестови се регистрирани во последните 24 часа. Оздравени се 91 пациент, нема пријавено починати лица, соопшти Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје.
Од новите случаи, 77 се во Скопје, 14 во Битола, шест во Охрид, три во Прилеп, по два нови случаја во Штип и Берово и по еден во Куманово, Тетово, Кавадарци, Струга и Виница. Од вкупниот број позитивни, 14 се реинфекции.
Од 91 оздравен, 67 се во Скопје, 10 во Битола, тројца во Прилеп, двајца оздравени во Кавадарци и по еден во Охрид, Штип, Куманово, Кочани, Неготино, Свети Николе, Крива Паланка, Делчево и Дебар.
Од почетокот на пандемијата во земјава, вкупниот број на ковид-дијагностицирани е 311 701 лице од  2 051 008 направени тестирања. Оздравеле 301 819, пациенти, починале 9300, а активни случаи има 582.