Неколку лица се повредени во сообраќајна незгода која попладнево се случи во атарот на битолското село Кравари, информира МИА.

Од СВР-Битола за МИА потврдија дека сообраќајката се случила на „Краварски пат” во 14.40 часот, во непосредна близина на тамошната бензиска пумпа.

-Според првичните информации во сообраќајната незгода учествувале три моторни возила и притоа повредени се неколку лица. Причините за сообраќајката ги утврдуваат полициски службеници, известија од СВР-Битола.