Фото: МИА

Околу илјада деца денеска продефилираа со своите маски на Детскиот карневал, што се одржува по повод празникот Прочка во рамки на карневалските празнувања во Струмица.

На плоштадот во Струмица децата заедно со своите родители и наставници ги покажаа своите карневалски кореографии преку кои со песна и музика повикаа на мир, љубов, разбирање и весело детство.

Во дефилето имаше повеќе групни маски изработени од основни училишта и предучилишни установи од Струмица, а голем број дечиња на нивниот карневал учествуваа заедно со своите родители.

Карневалот во Струмица продолжува утре на Чист понеделник, кога на прес конференција ќе бидат објавени резултатите за најуспешните маски од Големото карневалско дефиле кое се одржа синоќа. Потоа на програмата е варење и конзумирање бел грав од големиот казан на плоштадот „Гоце Делчев“, а утрешната програма завршува со отворање на изложба на карикатури и афоризми од 23. Интернационален фестивал и доделување на награди на најуспешните