Фото: Игор Бансколиев

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска донесе одлука да се додели соодветна награда за скопските пожарникари поради нивната брза реакција и ефикасна интервенција при вчерашното успешно справување со огнената стихија во поранешната фабрика Треска – информираат од Град Скопје.

– Пожарникарите се хероите на нашиот град. Во знак на благодарност за нивната пожртвуваност и високото ниво на професионалност, донесов одлука да бидат соодветно наградени, како одраз на поддршка за заштитата на Скопје и скопјани – вели Арсовска.

Градоначалничката посочи дека пожарот со којшто вчера се соочи противпожарната бригада беше од висок ризик и голем размер, но сепак брзо го локализираа без жртви и повредени