Фото: Горан Анастасовски

Пролетта ќе почне денеска во 16 часот и 33 минути. Во исто време, на јужната Земјина полутопка почнува есента.

Пролетта ќе трае 92 дена, 17 часа и 54 минути, односно до 21 јуни 2022 година во 11 часот и 13 минути, кога ќе почне летото.

За првиот пролетен ден, што ќе трае 12 часа и 5 минути, метеоролозите прогнозираат сончево и студено со мала локална облачност и слаб до умерен, наместа засилен ветер, претежно од североисточен правец.