Фото: Маја Јаневска Илиева

По седми пат, денеска низ скопските улици моторџии продефилираа дотерани во елегантни костуми на трката чија цел е да се подигне свеста кај јавноста за машкото здравје и борбата против ракот на простата.

Фото: Маја Јаневска Илиева

Станува збор за настан кој е дел од глобалното хуманитарно движење „The Distinguished Gentleman’s Ride” кое се одржува во чест на машкото здравје.

Движењето го поттикна Марк Хава во 2012 во Сиднеј кога облечен во свечен костум заедно со своите пријатели продефилира низ улиците во чест на негов пријател, кој ја изгубил битката со ракот на простатата.

Фото: Маја Јаневска Илиева

Оттогаш движењето секоја година има се поголем бројот на учесници и собрани средства.

Погледнете го нивното дефиле низ скопските улици: