Фото: МНР Бугарија

Собранието донесе оддлука за поддршка на земјите од Западен Балкан во ЕУ. Ние не додадовме нови барања до Скопје и сме подготвени да ја одобриме првата меѓувладина конференција веднаш штом нашите пријатели од Северна Македонија ќе го потпишат протоколот, како што разговараа и министрите за надворешни работи, напиша бугарското Министерство за надворешни работи на Твитер.

Народното собрание на Бугарија денеска го одобри францускиот предлог за Македонија. За гласаа 170 пратеници, 37 беа против, а 21 воздржани.

-Бугарскиот парламент денеска донесе историска одлука со која се дава зелено светло на францускиот предлог за пристапување на Северна Македонија во Европската Унија – напиша премиерот на Бугарија во оставка Кирил Петков на Фејсбук.

Според усвоената одлука, Парламентот и дава право на Владата во оставка на Петков да ги одобри преговарачката рамка и заклучоците предложени од француското претседателство со Советот на ЕУ за решавање на односите меѓу Бугарија и Македонија, ако се исполнети неколку услови.