фото: Фејсбук

Министерството за надворешни работи информира дека согласно остварените комуникации со дел од македонските граѓани кои во моментот се наоѓаат во Казахстан, тие се безбедни и засега не е регистриран ниту еден наш граѓанин кој е повреден или загрозен.

МНР продолжува континуирано да ја следи состојбата во Казахстан и е во постојан контакт со македонската амбасада во главниот град Нур Султан, како и со соодветните институции од земјите во регионот, со цел обезбедување соодветни информации за нашите граѓани.

„Апелираме до сите наши граѓани кои во овој момент се наоѓаат во Казахстан да останат на безбедни локации, да не ги напуштаат хотелите и објектите каде што се сместени и да избегнуваат собири на јавни локации. За сите прашања поврзани со безбедноста на граѓаните на Северна Македонија кои во моментот се наоѓаат во Казахстан молиме да се обратите на отворените телефони во нашето дипломатско-конзуларно претставништва во Нур Султан или во министерството. За сите наши граѓани кои планираат патување во Казахстан, апелираме да се одложи истото доколку е можно“, се наведува во соопштението на МНР oд каде дополнуваат дека во одредени периоди има прекини на интернетот во Казахстан.