Фото: МИА

Доколку Владата го прифати барањато на бугарскиот претседател на Бугарија Румен Радев упатено до неговиот француски колега Емануел Макрон за добивање писмени гаранции дека земјава ќе го испочитува договореното со Бугарија, тоа ќе значи комплетна капитулација, смета лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

– Со други зборови, асимилација и европска иднина или никогаш нема да имаме европска иднина. Тоа е изборот, немаме трета опција – рече Мицкоски.

Според Мицкоски, Радев сака сите барања на Софија, кои се темелат на декларацијата од бугарскиот Парламент од 2019 година, да бидат содржани во преговарачката рамка, најверојатно како поглавје.

– Тоа го бара Радев и вели додека ова не се исполни, јас не можам да дозволам да имаме прва меѓувладина конферемција и не можам да дозволам почеток на преговори. Кога станува збор за гаранции морам да кажам дека јас бев првиот кој во Македонија почна да зборува за гаранции и тогаш бев осуден од Владата на СДСМ и ДУИ, но секој паметан човек и патриот кој си ја сака својата држава и граѓаните без разлика на нивната етничка припадност нормално е да има зрела меѓународна политикка, за разлика од нашата дипломатија која гледаме дека има сериозни осцилации – изјави Мицкоски.

Според Мицкоски, сега кога јасно станува дека преку Охридската Архиепископија македонскиот народ има многувековна различност во однос на бугарскиот и останатите балкански народи, „некој повторно не враќа неколку чекори назад и повторно сака да прави ново предавство и нови отстапки“.

За ова, посочува Мицкоски, доколку се јави потреба да се гласа со двотретинско мнозинство во Парламентот, ВМРО-ДПМНЕ нема да го прифати.

– Ковачевски и Османи можат да стават потпис на што било. Јас го рабзирам Османи, но не можам да го разберам Ковачевски – додаде Мицкоски.