Фото: Фејсбук

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ имаше средба со премиерот на Република Бугарија, Кирил Петков.

На средбата се разговараше за актуелните состојби врзани за односите на двете земји.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски се задржа на истите позиции кои се и претходно јавно познати.

Она што беше посочено е потребата за градење на доверба, отворени односи и поврзување на теми и области каде е можна меѓусебна соработка и заеднички бенефит за граѓаните од двете држави.

Беше посочена потребата за соработка на темите кои ќе обезбедат иднина, инвестиции во образованието, науката, коридорот 8 и други проекти важни за двете земји.

-Наместо блокади, потребни се мостови, отворени односи и взаемно почитување-посочи Мицкоски.