Матурантите повторно играат квадрил на плоштад Македонија / Фото: Маја Јаневска-Илиева

Матурантите од повеќе училишта од Скопје денеска заиграа квадрил на „Матурската парада“, која се одржа на плоштадот „Македонија“, и која поради пандемијата две години беше на пауза.
Присутните матуранти ги поздрави градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, заменик-амбасадорот на ЕУ, Џулијан Васало, и Деканот на универзитетот за туризам и менаџмент, Сашко Драматниковски.

На парадата учествуваат речиси сите матуранти од средните училишта во Скопје заедно со нивните врсници од триесетина градови во Словенија, Словачка, Унгарија, Србија, Црна Гора.