Фото: Даглас Елиман/Скот Винтроу

Земјите-наследнички на поранешна Југославија се согласија станот во Трст на СФРЈ да биде поделен помеѓу Македонија и Србија, соопшти словенечкото Министерство за надворешни работи.

По распадот на СФРЈ, станот бил во сопственост на Словенија, при што во изминатите неколку години бил користен од студентскиот дом „Среќко Косовел“ во Трст.

Во завршна фаза се наоѓа и последната од петте продажби на недвижности на поранешна СФРЈ во Токио, Бон, Берн и во Њујорк.

Српското МНР вчера соопшти дека амбасадорот на Србија во Швајцарија потпишал купопродажен договор со амбасадорот на Македонија во Швајцарија, Кенан Рамадани, за купување на косопственичкиот удел на Македонија над зградата на амбасадата на поранешна СФРЈ во Берн, со што на Македонија ќе ѝ биде исплатен нејзиниот удел од осум отсто од зградата во која се наоѓаат просториите на амбасадата.