Со зборовите Христос воскрена – вистина воскресна архиепископот македонски и охридски г.г. Стефан им се обрати на големиот број собрани верници точно на полноќ пред соборниот храм во Скопје. Тој со желба за мир во душите на граѓаните и за мир во целата држава им го честиташе Велигден на насобраните верници.

Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.

По две години со ковид-рестрикции, годинава на велигденските богослужби можеше да се присуствува без никакви ограничувања.

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник – Велигден, христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите.