Денеска во Министерството за правда се оствари средба помеѓу министерот Бојан Маричиќ и амбасадорот на Република Албанија во Република Северна Македонија, Фатос Река.

Поаѓајќи од мартовската одлука на ЕУ за почетокот на преговорите за двете земји, министерот Маричиќ истакна дека двете држави треба да ја продолжат и зајакнат соработката во пресрет на отворањето на Поглавје 23: Правосудство и темелни права.

На средбата, министерот Маричиќ додаде дека ЕУ има вистинска трансформативна моќ и дека процесот на евроинтеграција е клучен за развојот на регионот и ширењето на европските вредности за владеење на правото и почитувањето на човековите права.