Фото: Влада

Премиерот Димитар Ковачевски вчерашната ноќ ја поминал на Инфективната клиника во Скопје, најверојатно поради труење со храна, а денеска е пуштен на домашно лекување во добра состојба, потврди денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во гостување во емисијата Топ тема на ТВ Телма.

– Му била пружена целосна здравствена нега по што состојбата е подобра. Вечерта е задржан заради опсервација, а денеска е пуштен во сосема добра здравствена состојба-додаде Спасовски.