Фото: МИА

Премиерот Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање истакна дека настанот во Битола може да претставува единствено провокација која што не оди во насока на подобрување на односите и во финализирање на еден успешен дијалог со постигнување на договор кој ќе значи брзо отворање на преговорите за нашата земја со ЕУ.

– Во однос на настанат кој се случи во саботата, тој не претставува ништо повеќе од провокација бидејќи ги буди духовите од минатото. Се работи за личност која што била соработник и на Хитлерова Германија и на Мусолинова Италија и на Павелиќ и која со тоа воопшто не може да придонесе како личност што може да биде мост за иднината, за пријателство меѓу двата народи и како мост за европскиот пат на државата-нагласи Ковачевски.

Претседателот на Владата додаде дека Македонија има јасно дефиниран државен статус и сите граѓани во неа имаат свој јасно дефиниран идентитет кој е определен со јазикот на граѓаните кои живеат во неа и дека тоа е дел од достоинството на секој еден граѓанин во светот вклучително и на нашите македонски граѓани.

– Ние со соседните држави треба да градиме мостови на пријателство, да гледаме кон иднината, а доколку се навратиме на личности од минатото за кои има различно мислење тоа нема да биде во корист на никого и ќе влијае на влошување на односите меѓу граѓаните на двете држави-рече премиерот Ковачевски.