Фото: Маја Јаневска Илиева

Поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан во проповедта по литургијата во Белград, каде му беше врачен томос за автокефалност на Македонската православна црква-Охридска Архиепископија, потецираше дека овој настан е правда за Охрид, градот словенски Ерусалим.

-По оваа блага вест за МПЦ-ОА ќе се радува секоја верна мекедонска душа, а и верните меѓу братскиот српски народ, како и меѓу другите црквољубиви народи. Од вашите раце стигна радост за земјата просветена од павловите слова, стигна правда за Охрид, древната наша катедра, за градот црква од цркви, за градот словенски Ерусалим, за градот што бдее над нашето минато, сегашност и иднина. Сега и Света Софија Охридска, врз кој се видливи сите наши лузни, од невремињата минати, ќе продолжи да биде храм на заедничките евхаристички радости, храм во кој ќе продолжи да се напластува љубовта и единството со сите православни цркви. Од денес па натаму во овој ден преполн со дарови, веруваме дека со нови духовни сили ќе продолжиме да црпиме и ќе потикнеме уште поголем духовен раст во животот на македонската Архиепископија. Веруваме дека вашиот пример кон нас ќе го поддршат и останатите сестрински православни цркви. Вие направивте чекор со историско значење, како за нашата црква и за целото православие – посочи во својот говор во Белград г.г. Стефан.

Тој потенцираше и дека процесот продолжува со посетата на Вселенската патријаршија, каде на Педесетница ќе има литургија со Вселенскиот патријарх, по што се надева дека и останатите православни цркви ќе ја прифатат автокефалноста на МПЦ-ОА.

Во продолжение погледнете го говорот на Архиепископот Стефан: