Фото: З.А.

Во периодот кога во општина Кичево на годишен одмор се наоѓаат печалбарите од овој крај бројноста на населението речиси двојно се зголеми и тоа придонесе забрзано да порасне и потрошувачката на вода за пиење од градскиот водовод во Кичево.

Комуналното претпријатие апелира до граѓаните во овој период кога водата е преку потребна да се воздржуваат од следните активности.

-Со цел водата од градскиот водовод да се користи најрационално, се забранува полевање на земјоделски и други површини со вода за пиење.Исто така се забранува перење на моторни возила и други предмети од домаќинствата, како и полнење на бунари и базени за рекреативни цели и други дејствија поврзани со зголемена потрошувачка на вода за пиење – истакнуваат од комуналното претпријатие.

Комуналците најавуваат дека оние граѓани кои нема да се придржуваат на овие одредби ќе бидат исклучени од водоводниот систем согласно член 33 од Законот за водоснабдување, се со цел да се овозможи вода за пиење да има за оние граѓани кои редовно ги подмируваат сметките и рационално ја користат водата за пиење.

З.А.