Фото: Игор Бансколиев

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните три дена (од 20 мај до 22 мај) направени се 2.780 тестови, а регистрирани се 151 нов случај со ковид-19 и 184 оздравени пациенти.
Од 151 новозаболен од Скопје се 95, Битола – 18, Охрид – 8, Куманово и Штип – по 5, Прилеп и Тетово – по 3, Кичево, Свети Николе и Делчево – по 2, Кавадарци, Велес, Кочани, Гевгелија, Неготино, Радовиш, Дебар и Македонски Брод – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (151), регистрирани се 17 реинфекции.

Од 184 оздравени пациенти од Скопје се 116, Битола – 27, Прилеп – 7, Берово – 6, Охрид – 5, Куманово, Тетово, Кавадарци и Кочани – по 3, Кичево, Гостивар и Ресен – по 2, Свети Николе, Велес, Гевгелија, Неготино и Струга – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 2.046.474 тестирања на ковид-19. Вкупниот број дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 311.350, бројот на оздравени пациенти е 301.545, на починатие 9.297, а на активни случаи изнесува 508.