Фото: Архива

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ од денеска има уште двајца потпретседатели на партијата и девет нови членови на Извршниот комитет, покрај старите членови кои остануваат на своите функции, информираше претседателот на партијата Христијан Мицкоски по вечерашниот состанок на Централниот комитет на партијата.

Нови потпретседатели се акуелниот градоначалник на Општина Аеродром и универзитетски професор Тимчо Муцунски и Гордана Димитриевска – Кочовска, поранешна вработена во Министерството за финансии и поранешна директорка за финансии во ЕЛЕМ.

На функциите потпретседатели на ВМРО-ДПМНЕ остануваат Владо Мисајловски и Александар Николоски, како и генералниот секретар Горгија Сајкоски.

На стариот состав на Извршниот комитет од денска му се придружуваат Сашо Клековски, поранешен извршен директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка, поранешната вице-гувернерка во НБРМ – Маја Кадиевска-Војновиќ, претседателот на Здружението на детски хирурзи на Македонија, доц. д-р Ристо Симеонов, д-р Мевмет Џафери од Маврово Ростуше, потоа пратениците Ели Панова од Струмица и Миле Лефков од Кочани, директорот на партискиот Центар за комуникации, Луке Галески, актерот Зоран Љутков и портпаролката на партијата Марија Митева.

Во Извршниот комитет остануваат да бидат и досегашните членови Антонијо Милошоски, Дафина Стојановска, Драган Ковачки, Рашела Мизрахи, Олга Лозановска, Трајко Славески, Влатко Ѓорчев, Кирил Пецаков, Марија Андоновска, Сергеј Попов, Жаклина Пешевска и Мане Јаковлевски.

Нов секретар за меѓнародна соработка е Стефан Андоновски, кој е и актуеен советник во градот Скопје.