По повод 400-годишнината од раѓањето на Жан Батист Поклен Молиер, Интернационалниот универзитетот Еуропа Прима – Скопје ќе организира меѓународен симпозиум што ќе се одржи утре, со почеток во 11 часот, во Големата Аула на универзитетот, во зградата на Кинотека на Македонија, во соработка со Катедрата за романски јазици при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Институтот за македонска литература при универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ и универзитетот Свети Климент Охридски од Битола.

Воведно излагање на симпозиумот ќе имаат амбасадорот и писател проф. Јордан Плевнеш, претседател на Управниот одбор на Универзитетот Еуропа Прима, амбасадорот на Франција во Скопје, Н.Е. Сирил Бомгартнер, проф. д-р Наташа Аврамовска, директор на Институтот за македонска литература, проф. д-р Ирина Бабамова, шеф на Катедрата за романска филологија, и проф. д-р Иванка Апостолова-Башкар, директор на Македонскиот Интернационален Театарски центар.

Посебен акцент на симпозиумот ќе биде ставен на преведувањето и печатењето на делата на Молиер и изведбите на неговите драмски дела во Македонија на професионалните театарски сцени во Битола, Скопје, Охрид, Прилеп, Штип, Струмица, Куманово, Тетово, Гостивар, Велес, знаејќи дека првата изведба на Молиер во Македонија датира од 1750 година, во училишниот театар на битолското село Гопеш.
На симпозиумот ќе учествуваат триесеттина универзитетски професори од Македонија, Франција, Србија, Бугарија, БиХ, Велика Британија, Црна Гора.

Трудовите ќе бидат објавени во посебен зборник во издание на ИУ Еуропа Прима.