Фото: Фејсбук

Жителите од критичните реони во село Нов Истевник и Стар Истевник зафатени со големиот пожар да се евакуираат во градската средина, порача градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски.

– Поради алармантната состојба на теренот, неконтролираното ширење на пожарот и силниот ветар, а со цел да не се загрозат човечки животи, неопходна е евакуација на жителите од селото Нов Истевник заедно со сите селски маала: Пасјак, Балабанци, Курачко Маало, како и на жителите од селото Стар Истевник – нагласи делчевскиот градоначалник.

Тој воедно апелира жителите да бидат крајно внимателни и да не се движат во критичните реони.

– Поради неконтролираното ширење на пожарот се предупредуваат и жителите на селото Тработивиште да бидат крајно внимателни и да ја следат состојбата со цел брза реакција доколку пожарот земе посилен замав во атарот на селото – истакна Трајковски.