Фото: Илустрација

Четири лица се повредени во сообраќајна незгода која попладнево се случи на раскрницата кај трговскиот центар „Мавровка” во Скопје.

Во сообраќајката учествувале пет возила објави МИА, повикувајќи се на информации од МВР.

Повредените се пренесени во ГОБ „Климент Охридски”, но засега не е позната тежината на повредите.