Преземени се сите неопходни мерки за санирање на состојбата во Македонската радиотелевизија (МРТ) каде изутринава поради пукање хидрант биле поплавени простории на вториот кат кои ги користи Министерството за внатрешни работи и не постои опасност од пожар, соопшти владината Служба за информирање.

– Службата за општи и заеднички работи во целост ја санираше состојбата со поплавените простории во Македонската радио телевизија. Освен исцрпување на водата од просториите и лифтовите, поради претпазливост, во објектот на МРТ била исклучена и струјата, а биле поставени и вреќи со песок, за да се спречи водата да навлезе во останатиот дел од објектот. Службата за општи и заеднички работи и Владата на Република Македонија ги уверуваат вработените, но и целата јавност дека не постои опасност за појава на пожар во објектот на МРТ – се вели во соопштението од владината прес-служба.

Појаснуваат дека просториите на вториот кат биле поплавени изутринава, поради пукање на хидрант, а ги користи Министерството за внатрешни работи.