Фото: Игор Бансколиев

Адвокатката Ирена Фрчкоска, која ја застапува разрешената специјална јавна обвинителка Катица Јанева, во интервју за ТВ21 најави дека ќе поднесат барање за укинување на мерката притвор, а за гаранција ќе биде понуден имотот на Јанева.

Фрчкоска додаде дека не ѝ е познат основот по кој е донесена одлуката на Советот на јавни обвинители за разрешување на Јанева, како и денешната одлука таа да нема можност да се врати на старото работно место во обвинителството во Гевгелија.

Во интервјуто, адвокатката напомена и дека Јанева има право да поднесе тужба за одлуката за нејзиното разрешување, а дали тоа ќе го направи ќе одлучат откако ќе ја примат одлуката за разрешување.