Полицијата приведе 35-годишна скопјанка (Б.А.), која се товари за повеќе кривични дела -„измама“ „дрска кражба“ и „кражба“ на подрачјето на Гази Баба.

Од МВР информираат дека по судска наредба бил извршен претрес во нејзиниот дом и била пронајдена облеката што ја носела при извршување на кривичните дела.

Во присуство на јавен обвинител било извршено препознавање од оштетените, при што биле расчистени шест кривични дела – три измами, една тешка кражба на дрзок начин и две кражби. По целосно документирање на случаите против неа ќе бидат поднесени соодветни пријави.