Албански државјанин со лажна италијанска лична карта се обидел да излезе од Македонија.

Како што соопшти МВР, вчера во 17:50 часот на граничниот премин „Свети Апостол Павле“ – Охрид, за излез од РМ се пријавил да патува Г.Д.(28) од Наполи – Италија, со италијанска лична карта за која било констатирано дека е фалсификат.

Од извршениот преглед на неговиот багаж била пронајдена албанска лична карта на име К.Г. (26) од Тирана, Албанија.

Лицето е лишено од слобода и против него е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.