Еден тинејџер е повреден откако автомобил марка „Фолксваген голф“, во кој бил сопатник, удрил во заштитна ограда од бензиска пумпа и се превртел на магистралниот пат Градско – Прилеп, информираат од полицијата.

Според истиот извор, ноќеска околу 01.30 часот на магистралниот пат Градско – Прилеп патнички автомобил марка „Фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, управуван од Љ.Т.(19) од населбата Градско удрил во заштитната ограда од бензинска пумпа и се превртел на патот. Во незгодата со повреди се здобил сопатникот Ѓ.Ѓ.(18) од Росоман кој бил пренесен и задржан на лекување во Јавната здравствена установа Општа болница Кавадарци.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Кавадарци“, информираат од МВР.