Обвинителката Лиле Стефанова денеска ќе сведочи за случајот „Рекет“ на рочиштето во Кривичниот суд.

Таа ја води истрагата за случајот „Империја“, во кој еден од осомничените е бизнисменот Јордан Камчев, кој како оштетен го пријави случајот „Рекет“. Според обвинението во „Рекет“, Камчев, наводно, дал 1,5 милиони евра мито на обвинетиот Бојан Јовановски и на Зоран Милески – Кичеец, со цел да запре кривичниот прогон против него.

Стефанова во неколку наврати посочи оти „поволностите“ (укинувањето на притворот и враќањето на пасошот) кои ги добил осомничениот Камчев, биле дадени од шефицата на СЈО, Катица Јанева. Таа истакна дека Јанева барала случаите „Империја“ и „Поштенска банка“ да завршат со спогодба, без затворски казни за осомничените.

Предвидено е да сведочи и обвинителот Бурим Рустеми, кој исто така беш дел од тимот на СЈО.