Петгодишно дете во Штип вчера било тешко повредено откако во него удрил автомобил „Рено19“. Инцидентот се случил во двор од куќа на улицата „Дузлачки рид“ во Штип, а возилото го управувал 25-годишен штипјанец.

Детето било веднаш пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото извршила екипа од СВР Штип и се работи на расчистување на случајот.