Смрт на 54-годишен скопјанец била пријавена во полициската станица Карпош во утринските часови на 8 април.

Според пријавеното, додека човекот трчал на кејот на реката Вардар, му се слошило и паднал.

Од лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција.