Фото: Илустрација

Такси-возило и камион се судрија на булеварот „Февруарски поход“ во скопската населба Ново Лисиче.

Во сообраќајната несреќа нема жртви, не се повредени ниту возачот на камионот, ниту таксистот. Исходот од несреќата поминал со материјална штета.

Полицијата врши увид на местото на несреќата.