Сведоштво за трагедијата

Работам во итната служба 25 години, ова е една од најстрашните несреќи на кои сум била присутна, вели Лоарета Николова од итната служба од Перник, која им помогнала на преживеаните по автобуската несреќа на автопатот „Струма“, во изјава за бугарските медиуми. Таа наведува дека огнот од запалениот автобус бил многу силен.

– Во текот на ноќта ни беше дадена локацијата на несреќата на автопатот, каде што автобусот имал соообраќајка и избил пожар. Многу брзо стигнавме на местото. Автобусот беше запален и имаше многу пожарникари. Се слушаа викотници – се сеќава Лоарита Николова.

Еден од повредените патници и кажал што се случувало во текот на несреќата.

– Пренесував човек кој ми кажа дека патуваат од Истанбул. Тој кажа дека одеднаш слушнале гласен звук и автобусот почнал да гори. Мажот тогаш скокнал, го скршил стаклото и излегол преку прозорецот. Затоа неговата нога била скршена – вели Николова.