Кај жител од селото Лажани, прилепско, при претрес е пронајдено поголемо количество оружје информираат од МВР.

Како што се вели во соопштението во рамките на зајакнатите активности на Министерството за внатрешни работи во борбата против недозволената трговија со огнено оружје, во координирана акција помеѓу Одделот за крим полиција и Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп при СВР Битола, денеска по наредба од судија на претходна постапка од Основниот суд извршен е претрес на дом и други простории кои ги користел Е.З.(32) од с. Лажани.

Притоа, биле пронајдени и одземени една автоматска пушка калибар 7,62 мм, една пушка непозната марка калибар 6 мм, две рамки за автоматска пушка, пет куршуми за пиштол калибар 7,62 мм, два ловечки патрони калибар 16 мм и еден куршум за пушка калибар 7,9 мм. Лажанецот е лишен од слобода и по изготвување на соодветен поднесок од страна на НККР Прилеп ќе биде предадено на јавен обвинител. К.М.