Фото: Социјални мрежи

Пожар се шири во близина на Пехчево, движејќи се кон археолошкиот локалитет „Света Петка“, како што се забележува од објавите на социјалните мрежи.

Локалните жители преку социјалните мрежи апелираат на брза реакција за локализирање на пожарот, наведувајќи дека им е потребна помош.