Изутринава во 01.10 часот на регионалниот пат Прилеп-Крушево, Х.К.(22) од с.Големо Коњари, Прилепско, со возило „фолксваген пасат“ изгубил контрола и излетал од патот.

Во незгодата Х.К. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Прилеп.

Увид на местото извршила увидна екипа на Полициската станица Прилеп.