На местото викано „Долно маало“ во близина на село Тромеѓа, кумановско, на земјен пат вчера се превртел трактор, при што со тешки телесни повреди се здобил возачот.

Од МВР информират дека околу 18.05 часот трактор „Универзал 445“, управуван од Б. П. (49) од село Тромеѓа се превртел и притоа, со тешки телесни повреди се здобил Б. П., кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар Куманово.

По укажаната лекарска помош, бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје. За настанот бил запознаен Јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.