Вчера во 7:20 часот на локалниот пат с. Таринци–с. Балван, Штипско, полициски службеници од СВР Штип забележале и запреле девет странски државјани мигранти. Утврден им бил идентитетот и се работи за А.Ш.А.(22), Ф.А.Г.(24), З.К.(25), А.Н.(22), Н.Ф. (24), И.Н.(23), Б.А.(26), А.Н.(28) и А.В.(24) од Пакистан. Тие биле задржани и предадени на полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин и Граничен надзор Ново Село за понатамошна постапка, соопшти полицијата.