Во скопската полиција синоќа по полноќ било пријавено дека во подземна гаража на улицата „Босна и Херцеговина“ настанал пожар во неколку возила.

По полицискиот увид било констатирано дека целосно била опожарен автомобил „фолксваген голф“, во сопственост на 32-годишен скопјанец, а делумно биле опожарени „пежо“ и „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки.

Пожарот бил изгаснат од екипа на скопската противпожарна бригада, а повредени лица нема.

Надлежните работат на расветлување на овој случај.